EXPO pH Super Powder

EXPO pH Super Powder
EXPO pH Super Powder

EXPO pH Super Powder


Краток опис:

Киселинско-базен неоргански пуфер со pH коректор против алги и плавеење - пудра.

Особини на супстанцата:

 

Супстанца со јака концентрација, која поседува пуферски особини, отсуството на хлориди го прави овој раствор идеален pH коректор за големите базени. Со ова својство на плавеење ова средство ја прави водата кристално чиста.

 

Користење и дозирање:

 

Ефект на висока алкалност на вода: 400-600 CC од Expo pH BLU во 100 М3 вода,  во насока на намалување на  pH вредноста за 0,1 единица.

 

Физички и хемиски особини:

 

  • Изглед - жолтеникава
  • Мирис - без мирис
  • Растворливост во вода - целосно се раствора во вода
  • pH на 1% раствор <1

 

Предупредување и потенцијални опасности:

 

  • Овој продукт е корозивен само во контакт со течност.
  • H314- во ситуации кога доаѓа до изгпреници на кожа и сериозни оштетувања на видот.
  • H318- предизвикува сериозно оштетување на видот.
  • P280- носење на заштитни ракавици, заштитни очила,  заштитна облека и заштитна маска.
  • P301 + P330 + P331- доколку се проголта, интензивно да се промива усната празнина како би се спречила појава на гадење и повраќање.
  • P303+P361+P353- контакт со коса или кожа – веднаш пресоблечете/ исперете темелно.
  • P304+P340 -Мора контаминираната личност да биде отстранета од просторот во кој се наоѓа пареата , да вдише свеж воздух .
  • P305+P351+P338-  ако дојде во контакт со очи- пзмијте ги очите со вода неколку минути, отстранете ги контактните леќи.
  • Продолжете со испирањето.
  • P310- веднаш консултирајте се со лекар.

 

Мерки на претпазливост:

 

  • Респираторна заштита- носење на заштитна маска која го покрива целото лице, на која има филтер за абсорција на хлор
  • Заштита на рацете со ракавици
  • Заштита на очите: очила со целосна заштита
  • Заштита на телото- заштитна облека
  • Дополнителни мерки на претазливост: шишенце за промивање на очи.

 

Ракување и складирање:

 

  • Работењето мора исклучително да се врши со гумени ракавици и заштитни очила.
  • Се складира во магацин на собна температура, без директна изложеност на светлина. Да не дојде во контакт со органски материи.

 

Мерки за прва помош:

 

  • Кожа: директно да се отстрани контаминираната облека и темелно да се измие со јак млаз протечна вода. Потоа да се  измие местото со 10% натриум хипосулфит (тиосулфат), повторно да се измие кожата со јак млаз протечна вода.
  • Очи: директно се измиваат очите со јак млаз протечна вода, неколку пати. Се држат очите константно отворени и се промиваат очите со борна киселина.( пожелно би било посета на очен лекар).
  • Голтање: се промива усната празнина со протечна вода и се иницира повраќање како би се избегнало труење.( консултација со лекар доколку е потребно).
  • Вдишување на пареа од хлор: мора контаминираната личност да биде отстранета од просторот во кој се наоѓа пареата.  Ако дишењето е неправилно и испрекинато, веднаш треба консултација со лекар.

 

Пакување:

 

  • Во канта од 5кг и 10кг
  • Во вреќа од 25кг
Icon